САД потврдија дека го извеле нападот, но не и дека го убија портпаролот на ИД

31.08.2016 13:58

Агенција на Исламска држава објави дека Аднани бил убиен додека ги надгледувал операциите против воената кампања во Алепо.

САД потврдија дека го извеле воздушниот напад чија цел бил портпаролот на Исламска држава, Ал Аднани, но не и дека го убиле.

Агенција на Исламска држава објави дека Аднани бил убиен додека ги надгледувал операциите против воената кампања во Алепо.

Аднани е Сириец од Идлиб, кој во 2014 година најави дека ќе воспостави современ калифат, кој ќе опфати големи делови од териториите што ги зазеде во Ирак и во соседна Сирија.