Лажна тревога на аеродромот во Франкфурт

31.08.2016 14:01

Летовите се реактивирани, а патникот е на полициски распит...

Германската полиција не нашла сомнителен предмет кај патникот на аеродромот во Франкфурт што беше делумно евакуиран поради патник кој не минал низ нецелосна проверка во безбедносниот систем. Летовите се реактивирани, а патникот е на полициски распит.

Инцидент се случи и на аеродромот Шанон во Ирска. Поради турбуленции, авионот кој летал преку Големата бара, на релација Хјустон – Лондон, слетал принудно откако бил пренасочен. Повредени се 16 луѓе.