Нема консензус за петтиот член на комисијата за медиуми

31.08.2016 14:33

Дел од членовите сметаат дека отворен е патот Сефер Тахири да биде избран за нов член, додека другите пак велат има 10-тина кандидати за кои треба да разговараме.

Членовите на ад хок телото за следење на медиумите и денеска не го избраа нивниот 5-ти колега со кого ќе ги мониторираат медиумите во предизборниот период.

Дел од членовите сметаат дека отворен е патот Сефер Тахири да биде избран за нов член, додека другите пак велат има 10-тина кандидати за кои треба да разговараме.

Членовите на комисијата изјавија дека остануваат во постојана комуникација во текот на денешниот ден додека трае лидерската средба.