Партиските лидери одлучуваат дали ќе има избори
Согласно политичкиот договор постигнат на 20-ти јули годинава, тие денеска треба да оценат дали се исполнети условите за одржување фер и демократски избори.

Почна лидерската средба во клубот на пратениците на која учествуваат претседателите на четирите политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА. Согласно политичкиот договор постигнат на 20-ти јули годинава, тие денеска треба да оценат дали се исполнети условите за одржување фер и демократски избори.
На средбата присуствуваат и амбасадорот на САД Џес Бејли и претставник на Делегацијата на ЕУ во Македонија, како посредници во постигнувањето на Пржинскиот договор.
Доколку лидерите на четирите најголеми политички партии се договорат, изборите треба да се одржат на 11-ти декември, а на 100 дена пред изборите треба да се избере преодна влада во која ќе партиципира опозицијата.
