Штрајкот на судската администрација останува во мирување

31.08.2016 14:39

Членовите на УПОЗ најавија тужби и кривични пријави против одговорните кои, како што велат, незаконски им скратиле по 40 насто од платите на членовите на Синдикатот...

Штрајкот на Синдикатот на судската администрација останува во мирување и по завршувањето на судската ферија. Ќе се чека расплетот од лидерската средба и политичките одлуки за да се донесе конечна одлука дали ќе се штрајкува.

Членовите на УПОЗ најавија тужби и кривични пријави против одговорните кои, како што велат, незаконски им скратиле по 40 насто од платите на членовите на Синдикатот коишто штрајкуваа во изминатиот период.