Метео: Утре дестабилизирање на временската состојба
31.08.2016 15:07
Во поголем дел од земјата се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи, а локално е можна и појава на невреме со силен ветер и град.

Утре во Македонија ќе настапи преодно дестабилизирање на временската состојба.
Во поголем дел од земјата се очекува променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи, а локално е можна и појава на невреме со силен ветер и град.
Со поизразена нестабилност ќе бидат зафатени делови од јужните и источните региони.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
