САД и Куба ги реактивираа комерцијалните летови

31.08.2016 15:19

Новата ера во воздухопловниот сообраќај меѓу двете земји кој беше прекинат за време на Студената војна продолжува со 400 летови неделно.

По повеќе од половина век, САД и Куба ги реактивираа комерцијалните летови. Првиот авион полета од  Флорида и се упати кон „Санта Клара“ на Куба.

Новата ера во воздухопловниот сообраќај меѓу двете земји кој беше прекинат за време на Студената војна продолжува со 400 летови неделно.

Овој потег се смета за едно од најголемите достигнувања на американскиот претседател Барак Обама за време на неговиот мандат.