Ад хок телото и денеска не постигна договор за петтиот член

31.08.2016 15:59

Членовите на ад хок телото за следење на медиумите и денеска не го избраа нивниот 5-ти колега со кого ќе ги мониторираат медиумите во предизборниот период. Дел од членовите сметаат дека отворен е патот Сефер Тахири да биде избран за нов член, додека другите пак велат има 10-тина кандидати за кои треба да разговараме...

Час пред лидерската средба, излегоа на виделина несогласувањата меѓу членовите на ад хок телото за избор на нивниот петти колега. Со поостар речник од претходните денови, двајца членови од комисијата предложени од партиите. Едниот инсистирал за само еден кандидат, другиот вели- за десетина солидни треба да се отвори дискусија.

Откако Даут Даути ја повлече кандидатурата, Љубомир Костовски со изјава дека немало пречка Сефер Тахири веднаш да биде избран.

Цветин Чилиманов пак со став дека требало да се разговара за 10-те кандидати кои се пријавиле за членови во ад хок телото. Тој му предложил на Костовски, кој инсистирал само за Тахири, да си поднесе оставка и да му го отстапи местото на кандидатот- Албанец.

Рокот за нов член во ад хок телото за следење на медиумите беше пробиен пред неколку денови и се чекаше последниот збор да го имаат политичарите.

 

Миле Ристески