Органското сточарство станува практика

31.01.2014 09:02

Ваквотo производство е и превентива за заштита од болестите и за зголемување на имунитетот на животните...

Одгледувањето добиток на органски начин станува практика и во Македонија. Ваквотo производство е и превентива за заштита од болестите и за зголемување на имунитетот на животните.

Две илјади и шестотини говеда, 74.000 овци и 3.000 кози е бројот на органски одгледуваниот добиток во нашава земја. Добро информираните потрошувачи знаат дека таквото млеко има повеќе состојки важни за спречување на заболувањата на срцето.

Сточарите кои се решиле за вакво производство употребуваат стандардни превентивни мерки, вакцинација, балансирана исхрана и ја зголемуваат природната виталност и отпорност на животните.

Секоја раса не може да биде одгледувана органски. Потребен е правилен избор на раси прилагодени на локалните микроклиматски услови со природно стекната отпорност на болестите во тој регион.

Стручњаците не го препорачуваат постојаното шталско чување на животните туку и одгледувањето на отворен простор и свеж воздух.

 

Методија Трајков