Иванов- Човиќ: Зголемување на соработката во сите сфери
Според Иванов и Човиќ, политичка, економска и безбедносна консолидација на регионот е единствено можна преку дијалог и заврзана интеграција.

Во Охрид средба меѓу претседателот Иванов и членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Драган Човиќ. Изразиле загриженост од одредени ретроградни процеси во регионот, за кои сметаат дека дополнително можат да ја влошат состојбата.
Според Иванов и Човиќ, политичка, економска и безбедносна консолидација на регионот е единствено можна преку дијалог и заврзана интеграција.
Двајцата соговорниции заклучиле дека меѓу Македонија и БиХ нема отворени прашања, но дека економската соработка не го следи нивото на политичките односи меѓу двете земји, ниту пак соодветствува со реалните можности и капацитети.
Тие сметаат дека од интерес на двете земји е да се зголеми соработката во сите сфери.
