Постигнат договор, избори на 11-ти декември

31.08.2016 21:09

Договорено е владата која ќе ги организира изборите да биде избрана на 2-ри септември согласно договорот од 20-ти јули годинава...

Лидерите на четирите најголеми политички партии се договорија- избори ќе се одржат на 11-ти декември. Договорот, по неколку часовни преговори, го потпишаа вечерва во Клубот на пратениците.

Договорено е владата која ќе ги организира изборите да биде избрана на 2-ри септември согласно договорот од 20-ти јули годинава. Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.

Лидерите на политичките партии се согласија нов уредник на информативната програма на МТВ да биде Санта Аргирова чиј мандат ќе започне од 2-ри септември и ќе трае до крајот на изборниот процес.

На лидерската средба исто така е договорено и Љуљзим Хазими, дописник на вториот програмски сервис на МТВ од Гостивар, да биде петтиот член на ад- хок комисија за следење на медиумското претставување, која исто така ќе работи до крајот на изборите.