Могерини и Хан го поздравија договорот за одржување избори во Македонија

31.08.2016 22:49

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, заедно со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, повикаа лидерите на четирите партии строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес...

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, заедно со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, го поздравија договорот што го постигнаа лидерите на четирите најголеми политички партии, со кој е договорено одржување на предвремени парламентарни избори на 11-ти декември. Могерини и Хан ги повикаа лидерите на четирите партии строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес.

Го поздравуваме фактот што лидерите на четирите најголеми политички партии донесоа голем број на важни одлуки за напредок во спроведувањето на политичкиот договор од минатата година, вклучувајќи поставување на датумот за одржување на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември. Апелираме до сите политички партии строго да ја почитуваат веродостојноста на изборниот процес, за да им се овозможи на сите граѓани слободен избор и, по изборите, да се изгради влада која ќе се справи со клучните реформи и ќе работи за интересите на сите граѓани. Во иста насока, сите политички сили треба итно да ги обноват нивните напори за спроведување на остатокот од политичкиот договор, вклучувајќи ги и Итните реформски приоритети, се наведува во соопштението.

Могерини и Хан порачауваат дека „Европската унија ќе продолжи со својата поддршка на процесот и ќе и помогне на земјата да се врати на својот евроатлантски пат“.