Љуљзим Хазири ќе биде петтиот член на ад хок телото за медиуми
Се очекува вечерва на крајот од лидерската средба и официјално да биде потврден изборот на Хазири...

Љуљзим Хазири ќе биде петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување.
Според партиски извори, ова го договориле лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА на денешната средба во Клубот на пратениците. Претходно, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој присуствуваше на почетокот на лидерската средба, по што си замина, изјави дека за нив е прифатливо се што ќе договорат лидерите на останатите три партии.
Се очекува вечерва на крајот од лидерската средба и официјално да биде потврден изборот на Хазири.
Рокот за назначување на петтиот член, кој согласно политичкиот договор треба да е етнички Албанец и да биде избран со консензус, истече минатата недела. За оваа позиција се кандидираа десетина новинари и професори.
