Трамп во Мексико ја бранеше идејата за изградба на ѕид
01.09.2016 10:43
За разлика од претходните навредливи изјави за Мексиканците, овој пат Трамп упатил пофалба за народот кој во една прилика го нарече и „непријател на САД“.

Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ја бранел идејата за изградба ѕид на границата меѓу Мексико и САД, за време на неговата средба со мексиканскиот претседател Пена Њето.
За разлика од претходните навредливи изјави за Мексиканците, овој пат Трамп упатил пофалба за народот кој во една прилика го нарече и „непријател на САД“.
Противничката на Трамп, демократскиот кандидат за претседател Хилари Клинтон ја критикуваше посетата на магнатот.
