Мајкрософт доби нов шеф
Нов главен шеф на компанијата ќе биде Сатја Надела, Американец од индиско потекло...

По долга потрага по човекот кој ќе го замени Стив Балмер, досегашниот генерален директор на софтверскиот гигант Мајкрософт, кој најави дека заминува во пензија, управниот одбор на компанијата донесе конечна одлука.
Нов главен шеф на компанијата ќе биде Сатја Надела, Американец од индиско потекло.
Управниот одбор донесе одлука позицијата прв човек на Мајкрософт да ја додели на личност од самата компанија. Надела, кој работи во Мајкрософт од 1992 година, во моментов е извршен заменик-претседател на компанијата, а е одговорен за „клауд“ сервисите.
Во август минатата година Стив Балмер ја објави одлуката да се пензионира во текот на оваа година. Тој изјави дека е подобро „во новата епоха Мајкрософт да влезе со нов лидер, кој ќе ги забрза промените“.
