Протести во Бразил по отстранувањето на Русеф
Бразил ги влоши односите и со Боливија и Еквадор откако левичарските влади го критикуваа решението на бразилскиот Сенат да ја отстрани Русеф од власт. Незадоволни се и граѓаните. Во Рио беа одржани масовни протести...

Бразилската Влада го отповика амбасадорот во Венецуела за консултации. Каракас го осуди отстранувањето од функција на претседателката Дилма Русеф, нагласувајќи дека станува збор за „парламентарен пуч“. Бразил ги влоши односите и со Боливија и Еквадор откако левичарските влади го критикуваа решението на бразилскиот Сенат да ја отстрани Русеф од власт. Незадоволни се и граѓаните. Во Рио беа одржани масовни протести.
„Не ја признаваме оваа влада, таа украде гласови од 54 милиони Бразилци. Ја нарушија демократијата. Бараме Темер да си замине.“
„Ова е удар. Луѓето во Англија, од целиот свет не се обидоа да го запрат, а знаат дека е погрешно. Ќе се бориме и во Парламентот и на улиците се додека не си замине владата“, велат граѓаните.
За новиот претседател од Конзервативците, Мишел Темер, неизвесноста во Бразил заминува во историјата.
„Ова е период на надеж и на враќање на вербта во Бразил. Неизвесноста заврши. Време е да се обединиме и да ги ставиме на пиедестал државните интереси, а не на поединечни групи“, изјави Мишел Темер, претседател на Бразил.
68-годишната Дилма Русеф е обвинета за непочитување на буџетските закони. Нејзиниот претседателски мандат траеше 13 години.
