Најмалку 11 жртви, 17 исчезнати во тајфунот во северна Јапонија

01.09.2016 12:03

Уште едно тело е пронајдено во близина на старечки дом, а еден човек загина во градот Куџи.

Најмалку 11 луѓе загинаа, а 17 се водат за исчезнати во тајфунот во северна Јапонија. Во поплавите загинаа 10 лица, од кои деветмина во еден дом за стари лица.

Уште едно тело е пронајдено во близина на старечки дом, а еден човек загина во градот Куџи.

Тајфунот, е проследен со ветер со брзина над 160 километри на час.