Прекин на огнот во конфликтната зона во Источна Украина
01.09.2016 12:59
Договорот беше постигнат на средбата на Контакт групата на 26 август во Минск, поради почетокот на новата учебна година.

Во сила стапи прекинот на огнот во конфликтната зона во Источна Украина. Договорот беше постигнат на средбата на Контакт групата на 26 август во Минск, поради почетокот на новата учебна година.
Специјалниот претставник на претседателот на Организацијата за безбедносст и соработка со Европа, Мартин Сајдик посочи дека „тоа е заедничка иницијатива на сите учесници во Контакт групата".
