Екс министерот за надворешни на Словенија осуден поради корупција
Зоран Талер е осуден на две ипол години затвор поради корупција додека беше европратеник...

Поранешниот министер за надворешни работи на Словенија, Зоран Талер е осуден на две ипол години затвор поради корупција додека беше европратеник.
Талер падна во стапицата на Британски „Сандеј Тајмс“, чиишто новинари се претставуваа како лобисти и за награда од 100 илјади евра побараа да влијае при носењето на Европски закон.
Талер лани ја призна вината и се спогоди со обвинителството. Паричната казна од 15 илјади евра ќе ја даде во корист на педијатриската клиника во Љубљана, а затворската казна ќе ја издржува на крајот на секоја недела и пет години нема да има право да се вработи во јавна служба.
Во стапицата на „Сандеј Тајмс“ паднаа уште двајца европратеници – на австрискиот му беше поништена казната, а против шпанскиот не беше ни покрената истрага и уште седи во парламентот.
