Бизнисмените од поплавените подрачја бараат државна поддршка

01.09.2016 14:14

Предлагаат административни мерки, даночни и царински ослободувања, повластени кредитни линии од МБПР, како и финансиска подршка за малите бизниси. Од комората на Северозападна Македонија велат дека само од анкетираните компании, 10 проценти имале штети во вредност од десет милиони евра...

Стопанствениците од поплавените подрачја со предлог барања до Владата за државна поддршка за рестартирање на бизнисите. Предлагаат административни мерки, даночни и царински ослободувања, повластени кредитни линии од МБПР, како и финансиска подршка за малите бизниси. Од комората на Северозападна Македонија велат дека само од анкетираните компании, 10 проценти имале штети во вредност од десет милиони евра.

Во овој дел на градот работат околу 400 компании. 30 проценти од компаниите имале штети, од нив половина имале осигурување. Постапката за надомест на штета е веќе во процедура.

Во невремето беа поплавени хали, магацини, биле уништена оцаринета роба и машини- велат од Комората.

 

Дијана Ценевска