Муслиманите од САД загрижени, Курбан Бајрам се празнува на 11-ти септември

01.09.2016 14:47

Да не се толкува погрешно одбележувањето на Бајрам кој годинава се празнува на 11 септември, односно 15-годишнината од нападот на Ал Каеда на Светскиот трговски центар во Њујорк и врз Пентагон во Вашингтон...

Американските муслимански лидери предупредија да не се толкува погрешно одбележувањето на Бајрам кој годинава се празнува на 11 септември, односно 15-годишнината од нападот на Ал Каеда на Светскиот трговски центар во Њујорк и врз Пентагон во Вашингтон.

Во нападите загинаа 3.000 луѓе. Поради неодамнешното убиство на имамот и асистентот во Квинс, властите во Њујорк  уште повеќе се обидуваат да ја зачуваат безбедноста во Њујорк.