Ветеното се реализира, следуваат нови проекти

01.09.2016 15:01

Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со министрите и градоначалниците од владејачката партија. Увид во тековната реализација на проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на партијата Груевски оцени дека ветеното се спроведува, но и дека има нови проекти според потребите на граѓаните...

Преглед на реализираното од она што било ветено пред граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на состанок со министрите и градоначалниците од оваа партија. Груевски побара отчет за сработените активности.

Патната инфраструктура како една од најзастапените во изборната програма на владејачката партија, беше најмногу разгледувана и на средбата. Министерот за транспорт и врски, Мисајловски информираше за реконструкцијата на коловозот Гостивар-Кичево, како и за изградбата на патот Неготино- Демир Капија. За активностите во образованието, пак, реконструкција на училишта, зборуваше заменик- министерот за образование, Ристовски.

Во Радожда се спроведува изградба на колекторскиот систем вреден 8-10 милиони евра, а е завршено асфалтирањето на патот Ливадишта- Елен Камен. Се работи на изградба на водоводот во Долнени, инвестиција вредна 8 милиони.

Жителите на Бучим побараа нова градинка или дневен центар. Министерот Диме Спасов на состанокот информираше дека со пари од општината ќе се реновира во целост, а опремата ќе ја обезбеди министерството.

 

Игор Панов