Тетово: Протест на учениците од македонските паралелки
01.09.2016 15:28
Тие се револнирани бидејќи немаат соодветно затоплување, а училници и тоалетите биле запоставени.

Стотина ученици, родители и наставници од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ протестираа денеска поради недостиг на елементарни услови за настава.
Тие се револнирани бидејќи немаат соодветно затоплување, а училници и тоалетите биле запоставени.
Објектите биле привремено решение за македонските паралелки, а сѐ уште се очекува изградба на нов објект во рамките на гимназијата.
