Нуланд ќе ја посети Грција во недела

31.01.2014 10:04

Заменикот Државен секретар за Европа и Евроазија на САД, Викотрија Нуланд, ќе ја посети Атина на втори февруари...

Заменикот Државен секретар за Европа и Евроазија на САД, Викотрија Нуланд, ќе ја посети Атина на втори февруари. 
 
Најавено е дека ќе има средби до високи грчки претставници за да разговара за економијата, меѓусебните односи помеѓу САД и Грција, претседателството со Европката унија и веројатно ослободувањето на терористот кој убил неколку американски дипломати.
 
Дописникот од САД за МРТ јавува дека Нулад за време на посетата на Грција сигурно ќе разговара и за прашањето за името, но веројатно нема да направи притисок врз грците за ова прашање.