Оливер Андонов избран за нов министер за внатрешни работи

01.09.2016 21:13

Андонов, кој доаѓа на местото на Митко Чавков кој денеска поднесе оставка, има долгогодишно искуство со работа во разни сфери во областа на безбедноста и е предлог кој доаѓа од редот на експертската фела.

Со 65 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан, Собранието денеска го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. На гласањето не присуствуваа пратениците од СДСМ.

Андонов, кој доаѓа на местото на Митко Чавков кој денеска поднесе оставка, има долгогодишно искуство со работа во разни сфери во областа на безбедноста и е предлог кој доаѓа од редот на експертската фела.

Се работи за поранешен припадник на АРМ, потоа на МВР, а во делот на науката, сите негови постдипломски и докторски студии се во областа на безбедноста. Се работи за човек кој покрај тоа што работел во МВР, со својот научен кредибилитет и постигнувања во безбедноста ќе даде максимум за што е можно попрофесионално извршување на функцијата министер за внатрешни работи, рече премиерот Димитриев, образложувајќи го предлогот во Собранието.

Андонов, по изборот на министер за внатрешни работи, според договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии, треба да биде дополнителен заменик-минситер за внатрешни работи во Владата која би требало да се изгласа во Собранието утре.