Собранието треба да ја избере преодната влада

02.09.2016 08:29

Опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство...

Собранието треба да одржи седница за избор на новата влада во која според договорот на лидерската четворка од СДСМ се двајца министри во ресорите внатрешни работи и труд и социјала и тројца дополнителни заменици министри во финансии, информатичко општество и земјоделство.

Оливер Спасовски е предлогот за прв човек во МВР, а Фросина Ременски во труд и социјала. Опозициската партија за дополнителни заменици ги предлага Љупчо Николовски во земјоделство, Кире Наумов во финансии и Александар Кирацовски во информатичко општество. 

Според последниот договор меѓу четирите најголеми партии од 20-ти јули, новиот министер за внатрешни може да направи 15 именувања на раководни функции.

Мандатот на министрите и дополнителните заменици министри ќе заврши на денот кога Државната изборна комисија ќе ги потврди официјалните резултати од изборите.

Синоќа Собранието го избра Оливер Андонов за министер за внатрешни работи. Доаѓа на местото на Митко Чавков, кој поднесе оставка. На гласањето во Собранието не присуствуваа пратениците од СДСМ.