Жбогар ја презема функцијата шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија

02.09.2016 08:33

Жбогар денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Жбогар, како што е најавено, ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Самуел Жбогар ќе го наследи досегашниот евроамбасадор Аиво Орав.