Субвенции за набавка на добиток

02.09.2016 10:14

За купување добиток и за проширување на стадото сточарите може да побараат субвенции од државата. Огласот ќе трае до 30-ти септември, а со оваа финансиска поддршка трошоците ќе им се намалат најмалку за 50 проценти...

Огласот е за набавени јуници, овци, кози и свињи, а висината на подршката е до 6,5 милиони денари по корисник.

Парите  се добиваатсо ко-финансирање до 50 проценти  од одобрените трошоци. За младите земјоделци трошоците ќе можат да се намалат и до 55 или до 75 отсто во зависност од местото на фармата.

Еден сточар може да поднесе едно барање за набавка на добиток или најмногу две барања за финансирање на уште една мерка од програма за рурален развој.

Изборот ќе се врши со  бодување и според датумот и времето на поднесување на барањето.

Аплицирањето е исклучиво електронски и ќе се врши до крајот на септември.

 

Методија Трајков