Ловиштето „Јасен“ атракција за ловџиите од САД, Русија и Европа

31.01.2014 10:19

Државните ловишта во Македонија се лидери на Балканот...

Државните ловишта во Македонија се лидери на Балканот, а веќе три години се истакнуваат пред конкурентите од Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора и Хрватска, велат од ловиштето Јасен.

Ловиштето Јасен е атрактивна и позната дестинација за ловџиите од САД и Русија, а последните години и љубителите на ловот од Европа.

Ловот во ова државно ловиште се спроведува исклучиво врз основ на годишни договори со лиценцирани ловни тур-оператори од светот. Во договорите се дадени т.н. ловни пакети за определени видови дивеч и термини кога таквиот лов може да се реализира.

Директорот на ловиштетот Михаил Малахов на денешната прес-конференција ќе информира за досегашните активности на ова јавно претпријатие, како и за идните планови, кои се засноваат на програмата на Владата на Република Македонија за забрзан развој на ловниот туризам, преку која добиваат финансиски средства за интензивна продукција на автохтон дивеч.