Истекува рокот за пријавување штети од невремето
02.09.2016 10:28
Граѓаните тоа може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство во Гази Баба и Тетово.

Денеска до крајот на работното време истекува рокот за пријавување штети од невремето во скопскиот и во тетовскиот регион.
Граѓаните тоа може да го направат во општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Шуто Оризари и Тетово, или пак во подрачните единици на Министерството за земјоделство во Гази Баба и Тетово.
Владата од буџетот првично издвои по 500 евра за авансна помош. Со ребалансот на државната каса за 100-процентно обесштетување на поплавените семејства се издвоени над 36 милиони евра.
