Спасени над 1.700 мигранти во близина на либискиот брег
02.09.2016 10:42
Британските медиуми посочуваат дека и натаму се засилува напливот на мигранти кон јужното крајбрежје на Европа.

Над 1.700 мигранти биле спасени во близина на брегот на Либија, со што вкупниот број на луѓе кои неделава биле спасени во Средоземното Море се искачил на над 14.000.
Британските медиуми посочуваат дека и натаму се засилува напливот на мигранти кон јужното крајбрежје на Европа.
Италија се претвори во главната дестинација за мигрантите од Северна Африка за Европа, откако ЕУ во март со Турција ја склучи спогодбата за ограничување на дотокот на мигранти кон Грција.
