САД: За првпат се уништуваат комарци- пренесители на Зика
02.09.2016 11:05
Опасните инсекти биле откриени во Мајами, на југоистокот од сојузната држава, каде што претходно веќе беа регистрирани десетици заразени.

Во Соединетите Американски Држави за првпат се спроведува акција за уништување на комарците преносители на вирусот Зика.
Опасните инсекти биле откриени во Мајами, на југоистокот од сојузната држава, каде што претходно веќе беа регистрирани десетици заразени.
Првите случаи на појава на вирусот во Мајами се регистрирани во средината на минатиот месец. До моментов нивниот број изнесува 49 инфицирани. Други 656 лица, пак, се заразиле надвор од Флорида.
