Почнува мониторингот на изборното медиумско претставување

02.09.2016 11:15

Ќе се врши според методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси...

Почнува мониторингот на изборното медиумско претставување. Ќе се врши според методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека одлучила да ја укине методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори, донесена на 26-ти август годинава.