Јолевски: Идната недела стартува изградбата на првата зграда од проектот „АРМ- Мој вистински дом“
Досега се имаат пријавено над 250 припадници на Армијата, кои се заинтересирани да го решат своето станбено прашање преку овој проект. Во текот на следната година ќе почне и градбата на сите преостанати станови...

Идната недела стартува изградбата на првата зграда со станови за припадниците на АРМ. Интересот е голем, велат од одбраната. Министерот за одбрана, Зоран Јолевски денеска се обрати пред кандидатите за стан од проектот „АРМ мој вистински дом“.
„Во текот на идната недела ќе биде поставен камен темелникот на првата зграда со 32 станови. Досега се имаат пријавено над 250 припадници на Армијата, кои се заинтересирани да го решат своето станбено прашање преку овој проект. Во текот на следната година ќе почне и градбата на сите преостанати станови за реализација на овој проект. Конкурсот за пријавување ќе остане отворен перманентно. Единствен лимит ќе биде да се собере доволно голема група за да имаме нова зграда за градење“, изјави министерот Јолевски.
Каматата ќе ја субвенционира Министерството за одбрана. Становите ќе ги отплаќаат на 20 години.
