ФЗОМ: Зголемени квотите за лекови на рецепт за 80 милиони денари
Со цел да се овозможи еднаквост во прераспределбата на овие средства, Фондот за здравство одлучи да направи измени во правилникот за квоти со воведување линеарно зголемување и минимална загарантирана квота...

За дополнителни 80 милиони денари зголемени средствата наменети за квоти за лекови на рецепт. Со цел да се овозможи еднаквост во прераспределбата на овие средства, Фондот за здравство одлучи да направи измени во правилникот за квоти со воведување линеарно зголемување и минимална загарантирана квота.
Имено, од вкупно 776 аптеки, кои во моментов имаат активен договор, кај 742 аптеки треба да се зголеми квотата, кои ќе добијат зголемување од дополнителни 26.000 денари месечно до крајот на годинава, информираат од Фондот за здравствено осигурување.
Со дополнителните 80 милиони денари, буџетот за лекови на рецепт од досегашните 2,46 се зголемува на 2,55 милијарди денари.
