Пакистан: 12 жртви, 52 ранети во бомбашки напад

02.09.2016 12:45

Неколку часа пред тоа екстремисти од Фракцијата на пакистанските талибанци извршија напад врз христијански кварт во провинцијата, во кој загинаа адвокати, полицајци и цивили.

Две бомби експлодираа денеска пред зградата на судот во градот Мардан, во северозападен Пакистан, при што се убиени 12 лица, а ранети најмалку 52.

Неколку часа пред тоа екстремисти од Фракцијата на пакистанските талибанци извршија напад врз христијански кварт во провинцијата, во кој загинаа адвокати, полицајци и цивили.

Над 20 луѓе беа убиени во декември во сличен напад, за кој тогаш одговорноста ја презеде Фракција на пакистанските талибанци.