Самуел Жбогар стапува на функцијата
02.09.2016 13:23
Жбогар му ги предаде акредитивните писма на шефот на државата Иванов...

Новоименуваниот шеф на делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар му ги предаде акредитивните писма на шефот на државата Иванов.
„Во критични времиња и за вас и за Европската унија, Унијата со нетрпение очекува да ја решите долготрајната политичка криза и процесот потпомогнат од ЕУ и од САД и главните политички партии. Одговорноста, упорноста го ставаат интересот на вашата земја на прво место“, изјави Жбогар.
Новиот шеф на делегацијата на ЕУ во земјава ќе има средба и со претседателот на Собранието, Вељаноски.
Жбогар го наследи досегашниот евроамбасадор Аиво Орав, кој заминува на нова должност во Црна Гора.
