Ердоган: ИД протерана од сверна Сирија, Курдите не се повлечени

02.09.2016 14:21

Турција ги протера џихадистите на Исламска држава и Курдската милиција од северна Сирија, но Курдите сѐ уште не се повлекле источно од Еуфрат, изјави претседателoт на Турција, Ердоган. Анкара предупреди дека сите странци кои се борат во редовите на курдските сили се терористи. По смената на министерот за внатрешни работи, Ердоган најави дополнителни промени во владата...

„Курдските единици за народната заштита не си заминале источно од Еуфрат, но операцијата за чистка на терористите во северна Сирија се одвива успешно“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, демантирајќи ги тврдењата на Пентагон дека Курдите се повлекле по барањето на Анкара.

Соединетите Американски Држави велат дека Курдите се повлекле источно од реката Еуфрат. Но ние не се согласуваме со тоа. Не веруваме дека групите си заминале само затоа што другите велат така. Целта на операцијата „Штитот на Еуфрат“ е да се елиминираат терористичките групи на границата“, изјави претседателот на Турција, Ердоган.

Ердоган се пофали со брз напредок на територија од 400 квадратни километри, што, според него, е доказ дека Слободната сириска армија умее да се бори против Даеш. Ги предупреди странските земји кои се борат во редоВите на џихадистите дека ќе бидат сместени во истата категорија како и екстремистите.

Никој не може да очекува дека ќе дозволиме терористички коридор на нашата  јужна граница. Побаравме воспоставување „сигурна зона“ во Сирија, но дека но идејата не добила поддршка од другите светски сили“, нагласи Ердоган.

Турција е дел од американската коалиција за борба против Исламска држава. Потиснувајќи ги џихадистите, нивните трупи се судрија и со курдските милиции. Вашингтон и Москва побараа од Анкара да се воздржи од напади врз Курдите, а турската војска испрати оклопни транспортери и муниција како поддршка за Слободната сириска армија. 

На домашен терен, чистката на Ердоган против приврзаниците на имамот Ѓулен и на сите осомничени за учество во обидот за пуч, продолжува со исто темпо. Реорганизација се спроведува во државните институции, а во последната серија отпуштања, отказни решенија добија 8.000 припадници на безбедносните сили.