Стручно советување на родители и ученици и во новата учебна година
Веќе петта година по ред стручните психолошко- педагошки служби во основните и средните училишта во земјава имаат законска обврска да организираат индивидуални или групни советувања на родителите на учениците...

70 илјади советувања на родители на ученици во изминативе пет години во основните и средните училишта. Поголем дел од нив се советувања на родители на ученици во средните училишта, а како најчеста причина поради која се спроведувале советувањата е намалениот успех. Оваа активност ќе продолжи и во новата учебна година, најавија од Министерството за образование.
„Во изминатите три години ангажиравме 105 психолози и 13 педагози во училиштата, каде претходно не беа ангажирани, или пак нивниот број не беше соодветен на бројот на учениците“, изјави заменик министерот за образование, Спиро Ристовски.
Стручните служби, според Ристовски, се зајакнуваат и од друг аспект, односно преку ангажирање на училишните дефектолози, онаму каде што неодостасуваа.
Веќе петта година по ред стручните психолошко- педагошки служби во основните и средните училишта во земјава имаат законска обврска да организираат индивидуални или групни советувања на родителите на учениците.
