Пет години постоење на Музејот на македонската борба

02.09.2016 14:36

Пет години од постоењето на Музејот на македонската борба, што ги промовира вредностите на македонскиот народ. Од историски, културолошки и од образовен аспект, тоа има голема придобивка за нашата држава, вели министерката за култура Канческа. Музејот го посетиле околу 200 илјади странски и домашни посетители.

За пет години, скоро 200 илјади странски и домашни посетители ги виделе поставките во Музејот на македонската борба за државност и самостојност. Пред одбележувањето на гоишнината, одговорните сметаат дека тоа и оди во прилог на државата.

Поставката ги опфаќа најзначајните моменти за опстојот, саможртвата на револуционерите, преродбениците и идеалистите кои сонуваа за независна Македонија.

Идната година Музејот на македонската борба за државност и самостојност и Министерството за култура ќе бидат домаќини на најпрестижните музеолошки настани, доделувањето на наградата за најдобар музеј Микелети и на Европската музејска академија.

 

Дијана Ценевска