Пратениците треба да гласаат за преодната влада
СДСМ номинира министри во ресорите внатрешни работи, труд и социјална политика и тројца дополнителни заменици- министри во финансии, информатичко општество и земјоделство...

Собранието ја одржува седница за избор на преодната влада во која според договорот на лидерската четворка, СДСМ номинира министри во ресорите внатрешни работи, труд и социјална политика и тројца дополнителни заменици- министри во финансии, информатичко општество и земјоделство.
Оливер Спасовски е предлогот за прв човек во МВР, а Фросина Ременски во труд и социјала. Опозициската партија за дополнителни заменици ги предлага Љупчо Николовски во земјоделство, Кире Наумов во финансии и Александар Кирацовски во информатичко општество.
На почетокот на седницата беа констатирани оставките на министерот за внатрешни работи Оливер Андонов и на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
