Изгласана преодната влада

02.09.2016 16:43

Во Собранието изгласана преодна влада што ќе ги спроведе вонредните парламентарни избори. Опозицијата се враќа со истите кадри во истите ресори. И во овие сто дена државата мора да функционира- оцени премиерот Димитриев...

Во Собранието изгласана преодната влада што ќе ги спроведе вонредните праламентарни избори. Опозицијата се враќа со истите кадри во истите ресори. Оливер Спасовски- министер за внатрешни работи , Фросина Ременски за труд и социјала.

Во овие сто дена државата мора да функционира- оцени премиерот Димитриев. Очекува фер и демократски избори, власта да се врати кај граѓаните.

Владата за спроведување на избори и од аспект на надлежностите и од аспект на персоналниот состав претставува прилично комплексен орган, очекувам од сите членови на владата без разлика на нивната политичка припадност, висока посветеност кон овие приоритети и висок државотворен капацитет на сите поединци, потенцира Димитриев.

Тој изрази очекување дека министрите и замениците министри во секојдневното работење ќе имаат коректна соработка наместо, како што посочи, конфликти како што имало во изминатиот период со цел да дадат максимум во ресорот кој го водат за да се одржат изборите и да се врати државата во нормален колосек.

Не помалку важно прашање, според Димитриев, е и започнатиот процес на реформи согласно препораките од меѓународните фактори.

Сметам дека политичката криза во Република Македонија е при самиот крај и убеден сум дека организрањето на изборите и формирањето на нова политичка влада ќе значи нова перспектива за граѓаните во Република Македонија, нагласи Димитриев.