Путин: Проектот „Турски тек“ ќе биде спроведен
02.09.2016 17:14
Путин додаде и дека постои можност да биде снабдувана и Европа, но дека тоа ќе зависи од одлуката на Европската комисија.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека проектот за гасоводот „Турски тек“ конечно ќе биде спроведен, барем првиот дел, поврзан со проширувањето на транспортниот капацитет и зголемувањето на испораките за турскиот внатрешен пазар.
Путин додаде и дека постои можност да биде снабдувана и Европа, но дека тоа ќе зависи од одлуката на Европската комисија.
„Турски тек“ беше решено да се гради откако Русија се откажа од спроведувањето на проектот „Јужен поток“ поради барањата на ЕУ гасоводот да одговара на т.н. Трет енергетски пакет.
