Македонија и Бугарија ќе кредитираат заеднички бизнис проекти
31.01.2014 10:50
Со цел кредитирање на заедничките проекти помеѓу Македонија и Бугарија како и унапредување на трговската размена помеѓу двата сосед...

Со цел кредитирање на заедничките проекти помеѓу Македонија и Бугарија како и унапредување на трговската размена помеѓу двата соседи, Македонската и Бугарската банка за развој почнаа разговори за создавање специјален фонд.
Како што стои во соопштението, Бугарската банка е подготвена со краткорочни заеми да ги кредитира извозот на фирмите кон Македонија.
На иницијатива на Македонско-Бугарската стопанска комора директорите на двете државни банки и нивни експерти ги разгледуваа и иницијативите за заедничко финасирање или гаранции за покрупни инвестициски проекти од заемен интерес за двете економии, со можност за креирање на балкански продукт и бренд, стимулитивен и профитабилен за извоз на трети пазари.
