Седници на три собраниски комисии
05.09.2016 10:13
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлогот за измени и дполнувања на буџетот за 2016 година...

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат три комисиии- Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е предлогот за измени и дполнувања на буџетот за 2016 година, а останатите две комисии ќе расправаат по предлог- измените на Законот за народен правобранител, во второ читање.
