Конференција за социјални иновации

05.09.2016 10:19

Ќе се одржи првата конференција посветена на социјалните иновации на која е најавено присуство на социјални иноватори од Австрија, Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија...

Во Скопје денеска ќе се одржи првата конференција посветена на социјалните иновации на која е најавено присуство на социјални иноватори од Австрија, Германија, Полска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и од Македонија.

Планирано е конференцијата да заврши со панел дискусија „Од иновација до влијание: вмрежување и прибирање средства за социјален бизнис“ на кој ќе учествуваат претставници од Македонија и од Европа.