Бесплатна логопедска недела

05.09.2016 10:22

Сите заинтересирани ќе можат да добијат бесплатни прегледи и консултации во логопедското студио „Интеракција плус“.

Здружението „Интеракција плус“, од денеска до 12-ти септември во Скопје ќе организира бесплатна „Логопедска недела“. Сите заинтересирани ќе можат да добијат бесплатни прегледи и консултации во логопедското студио „Интеракција плус“.

Хуманата акција ја реализираат повеќе дипломирани логопеди и дефектолози, со цел да им се излезе во пресрет и да им се помогне на лицата кои имаат логопедски проблеми.