Пјонгјанг истрела ракети по самитот Г-20 во Кина

05.09.2016 10:25

Ракетите чиишто дострел се уште не е утврден, биле испалени јужно од Пјонгјанг. По четвртата нуклеарна проба, односите на корејскиот полуостров се влошија уште повеќе.

Северна Кореја истрела три балистички ракети кон Јапонското Море само неколку часа по самитот на Г-20 во кинескиот град Хуанжу, на кој учествуваа лидерите на Сеул и на Пекинг.

Ракетите чиишто дострел се уште не е утврден, биле испалени јужно од Пјонгјанг. По четвртата нуклеарна проба, односите на корејскиот полуостров се влошија уште повеќе.

Со резолуциите од ОН, на Северна Кореја и е забранета употребата на балистички ракетни технологии.