Меркел поразена од ултрадесничарите на покраинските избори
05.09.2016 11:03
Според анкетите, „Алтернатива за Германија“ освои 21 насто од гласовите во областа Мекленбург, Западна Померанија.

Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, конзервативната „Христијанско-демократска унија“ е на трето место на изборите, веднаш зад Социјалдемократите и антиимгрантската партија „Алтернатива за Германија“.
Според анкетите, „Алтернатива за Германија“ освои 21 насто од гласовите во областа Мекленбург, Западна Померанија.
Резултатите од ова гласање се важен показател пред изборите во Берлин за две недели и оние на државно ниво следната година.
Некои од гласачите го наведуваат прашањето за бегалците како мотив за излегување на избори.
