Украинската полиција уапси демонстранти, ја опожариле телевизиската станица „Интер“
05.09.2016 12:14
Претходно 20 лица поставија шатори пред зградата на телевизијата во знак на протест против вработените новинари со проруски ставови.

Пет лица се повредени во опожарувањето на просториите на ТВ станицата „Интер“ во центарот на Киев. Украинската полиција уапси шест демонстранти осомничени дека учествувале во нередите и нападот, вклучувајќи и поранешни војници.
Претходно 20 лица поставија шатори пред зградата на телевизијата во знак на протест против вработените новинари со проруски ставови.
Откако запалија неколку автомобилски гуми, се упатија кон објектот.
